Лионел Меси моментално е главен кандидат за освојување на Златната топка и многумина се во неверување за тоа иако со Аргентина го однесе трофејот на Светското првенство во Катар.
Но, недостигаа други трофеи, Меси не блескаше и одигра многу просечна сезона во ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси моментално води во поредокот за „Златната топка“. Иако не блескаше во дресот на ПСЖ, Аргентинецот ја предводеше репрезентацијата до титулата светски шампион во Катар и тоа моментално му дава предност пред сите останати.
Титулата на Мундијалот ќе биде вклучена во бодовите за сезоната 2022/2023 поради фактот што Мундијалот се игра на средина од сезоната и тоа може да биде пресудно во финалното гласање за најдобриот во светот.
Покрај трофејот со Аргентина, тој ја освои и Лига 1 со ПСЖ и вкупно постигна 38 гола и имаше 25 асистенции во сезоната.
Така, Меси во моментов е главен кандидат за освојување на Златната топка. Номинираните ќе бидат откриени во август и останува да се види дали аргентинскиот волшебник по осми пат ќе го подигне овој престижен трофеј.