Не е тајна дека Арда Туран е во немилост на Ернесто Валверде, поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид и турскиот фудбал оваа сезона не настапи на ниту еден натпревар за Барселона.
Туран во последниот период настапи само на натпреварите за репрезентацијата на Турција и сигурно дека повеќе не сака да ја „грее“ клупата во Каталонија, па би можел да се врати во татковината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На почетокот на годината Туран одби понуда од Кина, Барса во тој момент изгуби 44 милиони евра. Тручинот во тој момент одлучи да остане во клубот, но со тоа си наштети себе си.
Управата на Барселона веќе некое време се обидува да се ослободи, а неговата одлука да ја одбие понудата од Кинезите само дополнително ги изнервира бидејќи можеа да ја вратат сумата која беше вложена во него (41 милион евра).
Сега, како што стојат работите Туран во текот на зимскиот преоден рок ќе биде испратен на позајмица во Галатасарај.
„Арда Туран е одличен фудбалер, со оглед на тоа дека одредени напаѓачи се повредени, добро ќе ни дојде. Тој е човек кој ни е потребен за да ја пополниме офанзивната линија. Тој е фудбалер токму онаков каков што сакам, тимски играч, вреден работник и сигурен сум дека ќе биде одличен избор“, изјави тренерот на Галатасарај, Иван Тудор.