Репрезентативците денес се собираат за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал, против Грузија во четврток.
Македонија во четврток против Грузија ќе игра за пласман на едно Европско првенство кое толку долго го чекаме. Стоперот на репрезентацијата Висар Муслиу пред овој дуел порача дека прво сака се да биде во ред со сите репрезентативци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најпрво сакам сите да бидеме здрави и со сите се да биде како што треба. Мораме да се подготвиме колку што е можно подобро, знаеме што ни следи и што ни носи овој натпревар, на ова чекаме три години. Ќе гинеме на терен за да ја однесеме Македонија на ЕП“.
Муслиу очекува поразличен натпревар во однос на претходните два.
„Претходните натпревари беа поинакви, ова е еден сосема поинаков, мислам дека сме подготвени да дадеме се од себе и да победиме“, изјави Муслиу.