Изгледа понекогаш и Златан Ибрахимовиќ мора да се прилагодува поради потребите на своите соиграчи.
Жозе Мурињо откри дека Ибра ќе има нова улога за се вклопи со Ромелу Лукаку во Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот пристигна за 90 милиони фунти и освен во случај на повреда, секогаш е стартер. Од друга страна Ибрахимовиќ до неодамна беше резерва.
Но, сега како што пренесуваат англиските медиуми, „Специјалниот“ му подготвил нова улога со кој почесто ќе би бил стартер.
Златан можеби веќе од следниот натпревар би можел да игра на позцијата „10“, нешто што во минатото во кариерата знаеше да го игра.
Со овој потег, Мурињо веројатно и најави дека Златан наскоро ќе биде стартер.