Жозе Мурињо има одличен старт во Рома, но сепак Португалецот е претпазлив.
Португалецот победи на сите пет официјални натпревари како тренер на Рома, сепак ја смирува еуфоријата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Победивме на пет натпревари, не на 50. Затоа нема причини за некаква еуфорија. Позитивните резултати се важни за проектот да се развува. Сепак, рано е за егуорија, навивачите мораат да разберат дека ова е процес. Напредок има, но да бидеме смирени“.
„Цело време на моите фудбалери им зборувам дека се помалку од 100% е ништо, максимумот секогаш мора да се даде. Против Сасуоло можевме да изгубиме со 2:1, меѓутоа нашата амбиција не се доведе во прашање. Како и да е не сме перфектни имаме уште за работа“, изјави Мурињо.