Дома Трансфер зона Мурињо поради Холанѓанец го продава миленикот на „Олд Трафорд“

Мурињо поради Холанѓанец го продава миленикот на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед оваа зима во своите редови го доведе Алексис Санчез од Арсенал. Меѓутоа Мурињо се уште не е задоволен од играчкиот кадар и веќе најави дека на лето ќе има промени во тимот.

Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо сака на „Олд Трафорд“ да ја донесе младата ѕвезда на Ајакс, Џастин Клајверт, син на легендарниот Патрик Клајверт.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Доколку овој тинејџер пристигне во Манчестер Јунајтед, тоа сигурно ќе значи дека еден од офанзивците ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Наводно, Мурињо не е задоволен од игрите кои оваа сезона ги пружа младиот Маркус Рашфорд, кој на лето би можел да ја промени средината. Во конкуренција за заминување од „Олд Трафорд“ е и Антони Марсијал, иако Французинот оваа сезона игра солидно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…