Дома Трансфер зона „Мурињо никогаш не бил специјален, поради него не освојував трофеи“

„Мурињо никогаш не бил специјален, поради него не освојував трофеи“

Џими Флојд Хазлбенк одигра одлични сезони во Премиер лигата и важи за еден од најдобрите напаѓачи кои играле во најсилното англиско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во своето последно излегување во јавноста тој зборуваше за неговото искуство во Челзи и Жозе Мурињо. Според Хазелбенк Мурињо бил под влијание на други луѓе кога му порачал да замине и така го оставил без можност да се бори за трофеи со клубот од Лондон.

„Навистина бев лут, Мурињо не сакаше ниту да зборува со мене. Сигурен сум дека тоа не беше само негова одлука, некој го убеди дека сум тежок за соработка, а тоа не беше точно“.

„Пристигна Дрогба, но можев да играм покрај него. Подоцна разговарав со Мурињо и ми призна дека погрешил, меѓутоа тоа негово признание не ми значи ништо. Ако останев ќе освојував трофеи и ќе имав подобра кариера. Затоа Мурињо можеби е одличен тренер, но за мене никогаш не бил специјален“, изјави Хазелбенк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…