Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се појави на конференција пред големото градско дерби против Манчестер Сити.
Фановите на Манчестер Јунајтед веројатно се уште се под импресии од победата против Јувентус во Лигата на шампионите со двата гола за пресврт во последните минути, а сега ги очекува нов голем натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега Мурињо на конференцијата пред градското дерби истакна дека тие се тим кој никогаш не се предава и дека секогаш успеваат да го пронајдат патот да се вратат назад.
„Натпреварот против Манчестер Сити не е посебен поради тоа што се случи минатата сезона. Посебен е затоа што ова е дербито на Манчестер“.
„Позитивните резултати против два навистина силни противници на гостински терен како што се Челзи и Јувентус придонесоа за одлична атмосфера во соблекувалната. Ние не се откажуваме, секогаш успеваме да го најдеме патот кој не враќа назад. Некогаш го менуваме резултатот, но некогаш и не. Сепак, јасно е дека ќе има натпревари кога нема да можеме да направиме пресврт, треба да напредуваме во нашата компактност“, изјави Мурињо.
Дербито на Манчестер се игра во недела со почеток од 17:30 часот.