Жозе Мурињо го презема Тотенхем од Маурицио Покетино, кој вчера доби отказ, па „Специјалниот“ му се врати на фудбалот по 11 месеци пауза.
Мурињо во декември минатата година доби отказ од Манчестер јунајтед, а 56-годишниот стратег сигурно ќе има желба да им покаже дека погрешиле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На четврти декември (за 14 дена) Тотенхем гостува на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед и тој меч сигурно ќе привлече големо внимание.
Пред натпреварот Мурињо има уште три предизвици. Прво во сабота против градскиот ривал Вест хем, а потоа Тотенхем ќе игра два натпревари дома против Олимпијакос во Лигата на шампиони и против Бормут во Премиерлига.
Натпреварите против уште едден негов поранешен клуб, Челзи ќе ги игра на 22 декември на „Вајт Харт Лејн“ и на 22 февруари на „Стенфорд Бриџ“.