Дома Фудбал Италија Морати го критикува Интер поради Икарди: Направија бескорисен потег сред сезона

Морати го критикува Интер поради Икарди: Направија бескорисен потег сред сезона

Поранешниот претседател на клубот испрати критики кон раководството поради најновите случувања.

Многу прашина во Италија се крена поради одземањето на капитенската лента на Мауро Икарди.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Капитенската лента на натпреварите во Интер во иднина ќе ја носи Самир Хандановиќ. Од вчера Икарди (поради Ванда) добива критики од јавноста во Италија, меѓутоа има такви и кои го бранат.

Помеѓу оние ретките кои го бранат Аргентинецот е и поранешниот прв човек на клубот кој има големо влијание во Интер, Масимо Морати.

Нему му пречи што Интер во јавноста ги изнесува „валканите“ работи.

„Јас сум виновен, тој е виновен, ти си виновен, се е пуштено во јавноста од страна на Интер. Се на улиците е добро. Одземањето на капитенската лента ми изгледа како бескорисен потег на сред сезона кога не можете да го продадете играчот. Не знам каква предност ова може да донесе“, изјави Морати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…