Јувентус рутински со 2:0 славеше на гостувањето кај Динамо Киев. Зенит во последната секунда беше шокиран од Клуб Бриж.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пирло ја запиша првата победа како тренер на Јувентус во Лигата на шампиони, а херој за „старата дама“ беше Алваро Мората.
Италијанскиот шампион од самиот страт тргна по победата, додека тимот на Луческу беше ориентиран во дефанзива. Јувентус имаше неколку добри шанси преку Киеза и Мората, но не успеа да ја затресе мрежата во првиот дел.
На самиот старт на второто полувреме Киеза имаше одличен продор по левата страна, а во шеснаесетникот најдобро се снајде Мората кој погоди за 1:0. На три минути пред самиот крај Шпанецот ги постави конечните 2:0 после одличниот центаршут на Квадрадо.
Во вториот натпревар кој се играше во овој термин Клуб Бриж забележа голема победа на гости кај Зенит со 1:2.