Дома Фудбал Италија Монтела: Кутроне е мој производ, Милан не ми даде време!

Монтела: Кутроне е мој производ, Милан не ми даде време!

Винченцо Монтела за прв пат јавно проговори после отказот во Милан и ја откри главната причина за лошите резултати под негово водство.

После заминувањето на Монтела, тимот почна да игра фантастично и на последнте 10 меча запиша 9 победи, со што се врати во трка за место кое води во Лигата на шампиони.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Имавме 10 нови играчи кои доаѓаат од други првенства, од кои повеќето без меѓународно искуство. Многумина очекуваа брзи резултати, но на играчите им треба време за адаптација. Раководството требаше да има повеќе трпение со мене. Се надевавме на добар старт за да добиеме самодоверба, но работите тргнаа на лошо“, изјави Монтела.

Најголемо откритие оваа сезона во Серија А е младиот Патрик Кутроне, кој доби и повик во репрезентацијата, а Монтела тврди дека напаѓачот е негов производ.

„Среќен сум што Кутроне доби покана за репрезентацијата на Италија. Се чувствувам, сеедно како мене да ме повикале. Во голема мера сметам дека Кутроне е моја креација. Работевме многу со него. Најголемиот негов квалитет е огромната желба да се подобрува и тоа ќе го одведе далеку. Тој е иднината на италијанската репрезентација“, смета Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул претстави нов дрес, навивачите воодушевени (Фото)

Актуелниот првак на Англија ја претстави својата нова, трета гарнитура на дресови за теков…