Дома Фудбал Лига на шампиони Моментот кој му го подари Роналдо ова момче нема никогаш да го заборави (ВИДЕО)

Моментот кој му го подари Роналдо ова момче нема никогаш да го заборави (ВИДЕО)

Вчера во рамките од четвртфиналето во Лигата на шампионите во Амстердам се сретнаа екипите на Ајакс и Јувентус.

Италијански Јувентус важеше за фаворит во овој натпревар, но Холанѓаните прикажаа одлична игра и беа достоен противник во текот на поголемиот дел од натпреварот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Старата дама“ дојде до водство во последните секунди од првото полувреме кога Кансело одлично го пронајде Роналдо кој со глава го матираше голманот на Ајакс Онана. Ако Јувентус поведе во последните секунди од првото, Ајакс изедначи во првите секунди од второто полувреме. Токму асистентот Кансело изгуби една топка после која Нерес мајсторски го матираше Шчесни.

Пред натпреварот камерите забележаа една интересна ситуација со Роналдо и едно од момчињата кои излегуваа со фудбалерите. Детето беше воодушевено што Роналдо стои толку блиску до него, а Португалецот откако се гледаа неколку секунди уште повеќе го израдува.

Дефинитивно ова момче овој момент кој му го подари Роналдо нема никогаш да го заборави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус има три начини да го задржи Влаховиќ

Душан Влаховиќ ќе може од зима да преговара со други клубови за својата иднина, бидејќи на…