Дома Фудбал Лига на шампиони Можна сензација: Клубови од Саудиска Арабија ќе учествуваат во Лигата на шампионите?!

Можна сензација: Клубови од Саудиска Арабија ќе учествуваат во Лигата на шампионите?!

Саудиска Арабија прави вистински „бум“ со трансферите на голем број фудбалери од Европа, а тоа би можело да ги промени и плановите на УЕФА.

Имено, според најавите во елитното европско натпреварување од сезоната 2024/2025 би можело да дојде до проширување, односно би се вклучиле и клубови од Саудиска Арабија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претходно беше објавено  дека Лигата на шампионите ќе се зголеми на 36 учесници од септември 2024 година меѓутоа сега се најавува влегување и на клубови од азиската земја која вложува огромни суми во фудбалот со цел создавање на подобар имиџ во светот.

За УЕФА изгледа примамливо фудбалската моќ на Арапите, а се споменува додавање на две вајлд-карти кои би биле за најдобрите две екипи од Саудиска Арабија. Засега не е јасно дали тие две екипи би заземале некое место на европските тимови или ќе учествуваат 38 тимови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Гардијан“ пред 10 години избра 50 најголеми таленти – ретко за кого погодија!

Британскиот весник Гардијан пред една деценија избра 50-ина најперспективни фудбалски тале…