Видео технологијата го обележи натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ал Џезира во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Благодарение на ВАР беа поништени дури три погодоци, на одлуките се чекаше долго, а во моментите додека се носеа одлуките, владееше голема конфузија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лука Модриќ, капитенот на хрватската репрезентација и играч за врска на Реал, изминатата година порача дека оваа видео технологија не му се допаѓа.
„Тоа е ново откритие за фудбалот да биде почесен, но не ми се допаѓа бидејќи предизвика збунетост и се надевам дека нема да продолжи ова правило бидејќи за мене тоа не е фудбал. Не ми се допаѓа“, истакна тогаш Модриќ.
Дали сега се смени мислењето?
„Изминатата година истакнав нешто што на другите не им се допадна. За мене тоа е збунувачки, не знам во кои ситуации се користи, а во кои не. Сега сите видоа дека во некои ситуации може да помогне, но одлуките одземаат многу време. Секако јас за тоа нема да одлуча,м другите нека размислуваат за тоа“, заклучи Модриќ.