Фудбалскиот сојуз на Србија непосредно пред новогодишните празници реши да го смени селекторот на фудбалската репрезентација до 21 година, Томислав Сивиќ.
Инаку ФСС го смени селекторот и покрај тоа што тој низ баражот успеа да обезбеде пласман на Европското првенство. Според некои српски медиуми нов селекторт на репрезентацијата до 21 година ќе биде некогашниот фудбалер на Партизан, Гордан Петриќ, кој пред десет дена поднесе оставка на тренерската функција во Чукарички.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европското првенство во Полска ќе се одржи од 16 до 30 јуни наредната година, а во групата Србија ќе биде еден од противниците на Македонија, покрај селекциите на Португалија и Шпанија.