На Балканското Првенство за Сениори кое се одржа викендов во Скопје во Организација на Џудо Федерацијата на Македонија учество зеде членот на Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп Александра Најдоска, во категоријата +78 кг.
Најдоска го освои третото место и се закити со Бронзен медал. Во истата категорија второпласирана беше натпреварувачката од Црна Гора додека првото место гоосвои натпреварувачка од Турција.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Остварениот резултат на јуниорката Александра Најдоска во Сениорска конкуренција на Балканско ниво е еден од поголемите резултати на член на клубот СЕИШИН-Прилеп во последниот период.
Стручниот штаб на Џудо Клубот „СЕИШИН“-Прилеп е задоволен со остварениот пласман и во идниот период се надева на уште поголеми резултати на Меѓународно ниво.