Дома Фудбал Италија Михајловиќ синоним за ДРАМА: Овојпат Љајиќ заврши на трибините?!

Михајловиќ синоним за ДРАМА: Овојпат Љајиќ заврши на трибините?!

Еден час пред почетокот на дуелот на „Олимпико“ двајцата тренери ги објавија составите, а во стартниот состав на Торино беше и Адем Љајиќ.

Но, кога натпреварот започна, српскиот репрезентативец не беше на теренот, а местото наместо него во составот го зазеде Алекс Беренгуер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според пишувањата на италијанските медиуми, Љајиќ останал на трибините бидејќи пред самиот почеток на натпреварот се судрил со Синиша Михајловиќ. Се уште не е позната причина поради нивната расправија, а се чини дека подебелиот крај го извлече Љајиќ.

Така беше и пред неколку години, кога селектор на Србија беше токму Михајловиќ. Љајиќ одби да ја пее химната на својата репрезентација, што му пречеше на Михајловиќ. Потоа тој не доби позиви за националниот дрес додека Михајловиќ ја предводеше клупата на Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трагедија: Му ветувале дека ќе добие нов клуб, а потоа го ликвидирале за 1.300 евра

Голема трагедија ја потресе Сенегал и спортската јавност во Африка – младиот фудбалс…