Денес од Португалија пристигнаа вестите за кои спортскиот свет се надеваше дека нема да пристигнат – голманот на Порто Алфредо Кинтана ја загуби неговата најважна битка.
Ракометниот свет и спортската јавност жали за големата загуба, еден од најпогодените е македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Митревски во Порто пристигна во 2020 година и од тогаш стана близок со својот колега на голманската позиција. На само два дена пред немилиот настан Кинтана и Митревски си разменија репрезентативни дресови.
Кинтана го доби македонскиот дрес од Митревски, а за возраст нашиот голман португалскиот кој сега ќе му остане како вечен спомен.