Maкедонската ракометна репрезентација вчера одигра фантастичен натпревар и со победа од осум разлика го анулираше триумфот на Фарски Острови во Торшван.
Еден од најдобрите на теренот беше ракометарот на РК Алкалоид, Марко Митев.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Митев иако има 21 година одигра одличен натпревар, а по средбата не го криеше воодушевувањето од големата победа.
„Благодарен сум им на навивачите што дојдоа да не поддржат. Горд сум што сум Македонецот, треба да славиме. Во првиот натпревар не бевме премногу фокусирани и влеговме опуштено, но сега во овој реванш се сменија многу работи. Публиката ни даде дополнителна мотивација, не беше воопшто лесно да играш против таква селекција која е во подем и сигурно ќе расте во иднина“, изјави Митев.