Српскиот голман, Дејан Милосављев во Вардар минатото лето пристигна на мала врата, но брзо стана миленик на навивачите поради своите блескави настапи.
Милосављев после освојувањето на европската титула си заминува од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во гермаснки Фуксе Берлин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес преку својот Фејсбук профил Милосављев се прости со „Ја излези Ѓурго“.
Милосављев објави фотографии од вчерашната прослава над кои додаде дел од познатата македонска песна.
„Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро, ја излези Ѓурѓо на пенџере… Да ги видиш Ѓурѓо, да ги видиш сестро КОМИТИТЕ – Македонците“, стои во описот на Милосављев.
Ден претходно додека се уште беа во Келн Милосављев преку медиумите им се обрати на фановите и истакна дека му е тешко што заминува, но дека морал да направи таков избор.
„Вакво нешто нема да доживеам веројатно повторно во кариерата. Навистина ми е тешко што заминувам. Некогаш луѓето мислат дека човек може да го прехрани семејството од љубов. Тоа се сериозни работи за кои не сакам сега да зборувам. Никој не знае дали како ќе продолжи Вардар, иако ја освоивме Лигата на шампионите“, гласи дел од изјавата на српскиот голман после освојувањето на титулата во Келн.