Дома Останати Ракомет Српски репрезентативец е најново засилување на Вардар

Српски репрезентативец е најново засилување на Вардар

Вардар денеска официјално го претстави српскиот интернационалец Вукашин Воркапиќ како ново решение на позицијата десно крило.

Дваесет и осумгодишниот ракометар пристигнува од РК Војводина, а со скопскиот клуб стави потпис на договор со важност до 2028 година.

Во текот на својата кариера Воркапиќ настапуваше и за Металопластика Шабац, како и за францускиот Иври, стекнувајќи значајно искуство на меѓународната сцена.

Како стандарден репрезентативец на Србија, тој беше дел и од последното Европско првенство, каде што придонесе со шест погодоци во дресот на националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…