Милик синоќа беше стрелец на вториот гол за Полска против Македонија, а после мечот испрати порака до својот тренер во Наполи, Карло Анчелоти.
Полскиот напаѓач оваа сезона не добива голема минутажа кај Анчелоти, па очигледно е незадоволен од својот статус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да играм нешто повеќе од 15 минути на меч, засега ќе кажам толку, ништо повеќе. Мојот гол беше важен, Левандовски фантастично ми ја додаде топката и среќен сум поради тоа што и помогнав на селекцијата да се пласира на Европското првенство. Ќе видиме дали ќе бидам дел од третиот голем турнир како член на Полска“, изјави Милик.
„Би сакал да одам таму играјќи редовно во клубот. Вистина е дека се зависи од мене, од моите нозе. Верувам во себе, но зависи и од мечевите и минутите. Ако не добивам шанса да играм тогаш е тешко да направите нешто“, додаде Полјакот.