Вечерва Полска игра против актуелниот светски шампион Франција, Французите секако се фаворити, но во Полска веруваат во изненадување.
Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик на прес-конференцијата доби прашање од новинарите како би го запреле Килијан Мбапе. Напаѓачот на Јувентус се пошегува изјавувајќи дека ќе им бидат потребни скутери да го запрат Мбапе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Како ќе играме против Мбапе? Мислам дека ќе ни требаат скутери да го направиме тоа, навистина е премногу брз. Тешко е да играте против еден од најдобрите во светот. Треба да играме тимски и да соработуваме, затоа што не постои човек кој „еден на еден“ може да го запре“, изјави Милик.
Франција и Полска осминафиналниот натпревар го играат денес од 16:00 часот.