Раководството на Баерн Минхен не планира да го продолжи договорот со Томас Милер на крајот од сезоната, пренесува „Билд“.
Милер има договор до 30 јуни 2024 година и тој не планира да замине во пензија, па очигледно на лето ќе направи трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германските медиуми пренесуваат дека искусниот фудбалер би можел да потпише краткорочен договор со Манчестер Јунајтед кој со години се обидува да го ангажира Милер.
Милер е член на Баерн од 2008 година каде до денес освои 32 трофеи. За првиот тим на клубот од Минхен одиграл 680 натпревари и постигнал 237 голови.
🚨 Manchester United tried to sign Thomas Müller last January. Erik Ten Hag wanted his experience in his squad. 🇩🇪🔱
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 22, 2023
(Source: @cfbayern) pic.twitter.com/N6Zx02eSt4