Maкедонската репрезентација до 21 година денес запиша пораз од селекцијата на Србија, а со тоа ја прекина и фантастичната низа од три години без пораз на домашен терен.
„Прво да им честитам на противници, заслужено ги освоија трите бода во овој натпревар. Знам дека моите фудбалери дадоа се од себе и за тоа заслужуваат да им честитам. Правевме грешки, а Србија знаеше како тоа да го искористи. Денес моите фудбалери имаа огромна желба за поволен резултат, но токму големата желба веројатно беше причина тие да изгледаат недисциплинирано и да прават грешки. Мораме брзо да го заборавиме овој пораз и да се подготвивме за натпреварот против Гибралтар кој е аутсајдер, но никако не смееме во тој натпревар да влеземе со потценување“, изјави Милевски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Натпреварот против Србија беше одигран на тренинг центарот „Петар Милошески“, а стрелци на головите за српската репрезентација беа Лукиќ и Живковиќ.