Репрезентацијата на Македонија вчера претрпе убедлив пораз од Хрватска со 0:3 во пријателски натпревар, а селекторот Благоја Милевски ги посочи проблемите.
На прес-конференцијата Милевски по натпреварот Милевски посочи една од причините за поразот во кој не бевме ниту блиску да се надигруваме со Хрватите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Покажаа дека се подбри и честитки за нивната победа. Во првото полувреме ние имавме неколку добри моменти и можевме да ги искористиме подобро. Кога нема да ги искористите доаѓа казна на спротивната страна.
Имаме доволно време до септември да анулираме некои аномалии во нашата игра. Пред се фудбалерите мораат да ги решат проблемите со минутажа во клубовите и да бидат поконкурентни и во репрезентацијата“, изјави Милевски.
За шест дена (10-ти јуни) Македонија ќе има уште еден предизвик на гостински терен и тоа натпреварот против Чешка.