Дома Македонски спорт Милевски незадоволен од формата на фудбалерите: Се надевам дека нема да треба да направам подлабок рез…

Милевски незадоволен од формата на фудбалерите: Се надевам дека нема да треба да направам подлабок рез…

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот за натпреварите против Грузија (23 септември) и Бугарија (26 септември).

На списокот се најдоа 27 фудбалери, а Милевски објасни зошто е тоа така.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Не случајно имаме 27 фудбалери, можат да се случат многу работи. Исто така не сум задоволен од формата на поголем дел од фудбалерите, но што е тука е. „Голем дел од репрезентативците немаат клубови или т.н „вчера“ најдоа клубови. Затоа ако сакаме добри резултати сите ќе мораат да ја подобрат формата“.

Сепак, верува во уште едно изненадување на репрезентацијата.

„Овие момци веќе навикнаа да изненадуваат, секогаш се ставаат во функција на тимот и додека постојат шанси за тоа прво место ќе направиме се за да ги искористиме. Сепак, како што кажав и претходно овие натпревари ние ги користиме за креирање на ликот на репрезентацијата во иднина. Токму затоа во овие натпревари од Лигата на Нации шанса добија голем дел потенцијални репрезентативци, ќе продолжиме и во иднина со таа проверка. Се надевам дека не би требало да направам подлабок рез“, изјави Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…