Дома Македонски спорт Милевски: Македонија никогаш не играла вака, задоволство е да се гледа

Милевски: Македонија никогаш не играла вака, задоволство е да се гледа

Македонија вечерва одигра 0:0 со Романија и тоа беше трето реми во третиот натпревар за Благоја Милевски во овој квалификациски циклус.

На почетокот на прес-конференцијат селекторот изрази сочувство за жрвите во Тетово.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Прво сакам да изразам сочувство до сите фамилии кои имаат загубено некого во трагедијата во Тетово“.

Според селекторот, Македонија никогаш не играла ваков фудбал, тој е задоволен од прикажаното.

„Мислам дека Македонија вака не играла никогаш. Немам замерка за никого, момците играа фудбал кој е задоволство да се гледа. За реализацијта тоа е дел од секунда. Сакам да кажам и дека е срамота да се игра на ваков терен, затоа честитки и до моите момци и до репрезентацијата на Романија“.

„До крајот има уште четири натпревари и затоа нема потреба многу да зборувам. Верувам дека ќе останеме конкурентни во игра за второто место се до последниот натпревар со Исланд. Според мене заслуживме најмалку уште четири бода од овие три натпревари“.

Во овој момент Милевски не чувствува притисок од јавноста.

„Апсолутно не. Јавноста треба да биде задоволна затоа што гледа квалитетен фудбал, како што кажав верувам и дека резултатите ќе дојдат“, порача Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…