Дома Македонски спорт Милевски: Да ја оставиме политиката на политичарите, нас не интересира само спортскиот аспект

Милевски: Да ја оставиме политиката на политичарите, нас не интересира само спортскиот аспект

Македонската репрезентација утре го игра натпреварот против Бугарија во рамките од Лигата на Нации.

Пред овој натпревар има и тензии поради политичката ситуација меѓу двете држави, сепак селекторот Благоја Милевски на денешната прес-кофнеренција порача да се гледа само на спортскиот аспект.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Да ја оставиме политиката на политичарите. Нас не интересира само како да победиме утре, кај нас присутен само спортскиот аспект. Не би кажал дали ќе има промени во овој момент. Одиме натпревар по натпревар, како и на секој до сега ќе се обидеме да победиме. Во Грузија изгубивме незаслужено и момците се надевам ќе го докажат тоа утре.

Секако ја анализиравме Бугарија, но имаат нова репрезентација, нов селектор…затоа ни беше потешко во анализата, но ние се сконцентрираме на она што треба ние да го одиграме“, изјави Милевски.

Натпреварот против Бугарија го играме утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…