Дома Македонски спорт Милевски: Групата е тешка, Франција е топ фаворит, Србија и Украина секогаш биле одлични

Милевски: Групата е тешка, Франција е топ фаворит, Србија и Украина секогаш биле одлични

Македонската репрезентација до 21 година ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2023 кое ќе се игра во Романија и Грузија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат во група со Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Благоја Милевски – селектор на македонската репрезентација до 21 година:

„Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора, Израел и Казахстан. Ерменија е исто така незгоден противник“.

Едноставно, нема лесен противник, но ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат. Со сите репрезентации во групата имаме меѓусебни натпревари, но ова се нови генерации и нови фудбалери“.

„Би било добро квалификациите да ги започнеме од септември, од причина што немаме ниту еден собир со новата генерација. Распоредот ќе го решаваме заеднички, но би сакал да одработиме барем два собири со неколку контролни натпревари пред официјално да го започнеме новиот квалификациски циклус“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …