Дома Трансфер зона Милан одби 50 милиони за Ромањоли

Милан одби 50 милиони за Ромањоли

Милан одбил понуда од Челзи „тешка“ 50 милиони евра за дефанзивецот Алесио Ромањоли, пренесува „Скај Спорт“.

Ромањоли оваа сезона игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, иако пред неколку недели наполни само 23 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интерес за него покрај Челзи покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Јувентус, но Милан нема намера да ја продава својата ѕвезда.

„Скај Италија“ пренесува дека „росонерите“ одбиле понуда од 50 милиони евра и наскоро ќе започнат преговори за нов договор со дефанзивецот.

„Во следните недели ќе седнеме да разговараме со неговиот агент. Тоа ни е приоритет, сакаме што поскоро Алесио да го продолжи договорот“, изјави генералниот директор Марко Фасоне.

Ромањоли пристигна на „Сан Сиро“ во 2015 година од Рома за 25 милиони евра и има договор со „росонерите“ до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Брујне најави заминување од Сити

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот на крајот на се…