Дома Фудбал Најскапиот играч на Челзи е веќе со една нога во Наполи

Најскапиот играч на Челзи е веќе со една нога во Наполи

Рахим Стерлинг (31) е практично на излезни врати од Челзи и сè укажува на тоа дека неговиот следен чекор е Наполи.

По враќањето од позајмица во Арсенал без ни една минута на терен, е јасно дека за него на Стамфорд Бриџ веќе нема место, а “кралскиот” договор стана товар кој сакаат што побрзо да го тргнат од грбот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Подно Везув го чека нова шанса. Антонио Конте го гледа Стерлинг како идеален проект за враќање на врвот, а контактите меѓу Наполи и агентите на Стерлинг веќе сериозно напредуваа.

Иако зделката сè уште зависи од излезните трансфери, името на Стерлинг е високо на листата на приоритети на актуелниот шампион на Италија.

Ако последните детали се договорат, Челзи ќе затвори една скапа епизода, а Стерлинг наскоро може да ја започне новата, италијанска фаза на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси ја одби понудата од 1,4 милијарди, но сега доби уште подобра: „Ако прифати да потпише…“

Опсесијата на претседателот на Ал Итихад не престанува! Анмар Ал Хејли е подготвен да ги у…