Дома Фудбал Ел Шаарави е пред разделба со Рома

Ел Шаарави е пред разделба со Рома

Напаѓачот на Рома Стефан Ел Шаарави е пред разделба со клубот, јавуваат италијанските медиуми.

Играчот роден во 1992 година се покажува како еден од непотребните во шемата на тренерот Џан Пјеро Гасперини и клубот ќе се обиде да се раздели со играчот уште оваа зима за да отвори простор за нови засилувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од раководството наскоро ќе започнат преговори за раскин на договорот на Ел Шаарави, кој завршува во јуни, пишува “Кориере дело спорт”.

Напаѓачот има сè поограничено играчко време и досега има одиграно само 591 минута во 18 натпревари во сите турнири оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Астрономска сума: Откриена платата на Марк Геи во Сити

Англискиот штопер Марк Геи оваа зима ќе го засили Манчестер Сити, а сега е откриена и него…