Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ќе добие предлог за нов долгорочен договор, пренесуваат италијанските медиуми.
Во клубот се презадолни од неговата работа и сакаат да му ја дадат довербата уште долго да ги води „росонерите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
56—годишниот тренер го презеде Милан пред точно три години кога клубот беше на најниско ниво и веднаш започна изградба на проект кој даде резултати и минатата сезона Милан го освои Скудетото.
Многу фудбалери се развија под негово водство, па раководството смета дека Пиоли е еден од најважните за успехот на „росонерите“.
Неговиот договор истекува во 2023 година, но Милан сега ќе му предложи нов 3-годишен договор со опција и за продолжување на четврта година.