Дома Трансфер зона Милан купува Јапонец од 20 милиони

Милан купува Јапонец од 20 милиони

Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец, а примарна цел на „росонерите“ беше Никола Миленковиќ од Фиорентина.

Фиорентина за слободата на Србинот бара 40 милиони евра, сума која Милан не е спремен да ја плати, па поради тоа се сврте кон други фудбалери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спорт“ тврди дека „росонерите“ се блиску до договор со Болоња за трансфер на јапонскиот репрезентативец Такеро Томиасу.

21-годишниот Јапонец покажа одлични игри во Серија А, а може да игра како централен дефанзивец и како десен бек.

Болоња за неговата слобода бара 25 милиони евра, но двата клуба се блиску до договор за трансфер вреден 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…