Италијанскиот гигант Милан новата сезона ќе ја започне со нов тренер, па се очекуваат големи промени во тимот.
„Росонерите“ денес договорија ново засилување, од Реал Мадрид доаѓа левиот бек Тео Хернандез за 20 милиони евра, но тоа се само почеток.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот тренер од Милан, Џампаоло побарал да му бидат донесени двајца фудбалери, кои се етаблираа под негово водство во Сампдорија. Станува збор за дефанзивецот Јоаким Андерсен и играчот за врска Денис Прет.
Андерсен е 23-годишен дански репрезентативец кој одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Арсенал и Тотенхем.
Прет е 24-годишен играч за врска кој е приоритет за тренерот Џампаоло и наводно веќе има договор со миланскиот гигант.
Сампдорија за двајцата фудбалери бара помеѓу 55 и 60 милиони евра, а наскоро се очекува да започнат преговорите помеѓу двата клуба.
? Reports: #ACMilan secure Praet signing; potential €60m swap with Samp on cardshttps://t.co/z6OxS1wqLg
— SempreMilan (@SempreMilanCom) June 28, 2019