Дома Трансфер зона Милан испрати понуда за Себаљос, Реал сака „бај-бек“ клаузула

Милан испрати понуда за Себаљос, Реал сака „бај-бек“ клаузула

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со Реал Мадрид за трансфер на Дани Себаљос.

„Росонерите“ откако постигнаа договор со УЕФА за исфрлање од Лига Европа се ослободија од стегите на Финансискиот фер-плеј и имаат поголема слобода да трошат во летниот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан и Реал веќе го договорија трансферот на Тео Хернандез за 20 милиони евра, а моментално преговараат за трансфер на Себаљос на „Сан Сиро“.

Милан веќе испратил официјална понуда, едногодишна позајмица за 5 милиони евра со задолжителен откуп за додатни 35 милиони евра.

Себаљос призна дека не е задоволен од статусот кој го има кај Зинедин Зидан и е отворен за преселба на „Сан Сиро“. Реал е спремен да го пушти, но сака во договорот да вметне „бај-бек“ клаузула.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека најверојатно во договорот ќе има клаузула според која Реал ќе може да го врати играчот по две години за 55 милиони евра, или после три години за 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…