Дома Фудбал Италија Милан има адут во ракавот, Леао става потпис на нов договор

Милан има адут во ракавот, Леао става потпис на нов договор

Раководството на Милан ќе се сретне со францускиот адвокат кој го претставува Рафаел Леао за да му ја презенираат понудата за продолжување на договорот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Леао има договор со Милан до 2024 година, а Малдини истакна дека клубот сака да ја продолжи соработката пред Мундијалот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ ќе му понудат 5-годишен договор тежок 5 милиони евра по сезона, што е помалку од 7 милиони колку што бара играчот.

Меѓутоа, „росонерите“ имаат друг адут и се спремни да му помогнат на Леао да ја плати казната која ја има кон Спортинг Лисабон. Долгот е 19,5 милиони кои треба по половина да го платат играчот и неговиот бивши клуб Лил.

Раководството на италијанскиот гигант ќе го отплати делот од Леао од 9 милиони и поради тоа се убедени дека играчот ќе стави потпис на нов договор бидејќи сака да остане на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…