Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде алтернатива за Жиру.
Во летниот преоден рок беше доведен Лука Јовиќ на позајмица, но не ги оправдува очекувањата, па „росонерите“ сакаат да доведат врвен напаѓач.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Прво име на списокот е напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, кој во моментов е најдобар стрелец во Бундеслигата со 14 гола на 9 меча.
Според информациите на „Скај Германија“ тој во својот договор има откупна клазула од 17.5 милиони евра, која Милан е спремен да ја плати во јануари.
Милан веќе работи на трансферот и сака да ја победи конкуренцијата.