Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најновото име на списокот на Малдини е Феран Торес од Барселона.
Феран Торес пред една година пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 55 милиони евра. Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и добива мала минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона поради финансиската ситуација е спремна да го продаде, а Милан внимателно ја следи ситуацијата и сака да го доведе на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ имаат одлични односи со Барселона и ќе се обидат да го донесат на „Сан Сиро“ на позајмица со право на откуп.
Тренерот Пиоли верува дека Шпанецот одлично ќе се вклопи во неговата формација, бидејќи може да игра како централен напаѓач, но и како десно крило.