Дома Фудбал Италија Милан го „блиндира“ Кеси со нов договор

Милан го „блиндира“ Кеси со нов договор

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Франк Кеси.

Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Малдини веќе имал средба со агентот на Франк Кеси и му понудил нов четиригодишен договор тежок 4 милиони евра по сезона плус бонуси.

За 23-годишниот фудбалер има интерес од многу клубови ширум Европа, па поради тоа Милан сака што побрзо да потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Карагер: Салах е поголема легенда од Роналдо во Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер предизвика дебата со тврдата дека Мохаме…