Милан во последно време е во резултатска криза и сака да го засили тимот во јануари, а позната е и најголемата желба на „росонерите“.
Најголем проблем е нападот, кој се потпира само на Жиру, па Пиоли и раководството сакаат да донесат врвен напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе голгетерот на Лил, Џонатан Дејвид.
Клубот веќе работи на трансферот на напаѓачот кој веќе неколку сезони блеска во Лига 1. Ова лето неговата цена беше 60 милиони евра, сума која Милан не сакаше да ја плати.
Меѓутоа, Дејвид на лето вчегува во последната година од договорот и Милан верува дека ќе го комплетира трансферот за 40 милиони евра.