Дома Македонски спорт Мак ракомет Мец следен ривал на Вардарки: Мора да бидеме концетрирани, тие се опасни на гости!

Мец следен ривал на Вардарки: Мора да бидеме концетрирани, тие се опасни на гости!

По триумфот над Будуќност во претходното коло ракометарките на ЖРК Вардар сакаат да ја продолжат серијата победи, а сабота во Скопје гостува француски шампион Мец.

Ракометарките на Вардар и понатаму се без пораз во Лигата на шампионите, а девојките на Дејвис Камара имаат намерa таа серија да продолжи и со дуелот од второто коло во главната фаза против Мец.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Ни предстои тежок дуел со Мец, екипата која во првата фаза го победи Будуќност на домашен терен, а на гости загуби само со два гола разлика. Играат многу добра одбрана, тоа е тим со многу репрезентативки на Франција, како и на други држави. Тие особено се опасни кога играат на гостински терен, а ние кога играме на наш терен мора да играме со двојно поголема концентрација. Што се однесува до нас ние мора да продолжиме со напорната работа и да се избориме за нова победа“, изјави Дејвис.

Натпреварот ЖРК Вардар – Мец се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ИХФ ги одреди термините во кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска, Норв…