Македонските преставници во ракометната Лига на Европа, Еурофарм Пелистер и Металург ги дознааа противниците за оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Битолскиот тим доби голема конкуренција во групата Д, каде што за противници ќе ги имаат Татабања, Рајн-Некар, ГОГ, Кадетен и Тримо.
Металург немаше многу среќа при ждрепката, па доби незгодни противници, а тоа се Адемар Леон, кој е носител во групата, па следат Висла Плок, Чеховски Медведи, Тулуз и Фиверс.
Првите натпревари во Европската лига се играат на 20 октомври, а првите четири тимови од секоја група се пласираат во осминафиналето.
Во првото коло Металург му гостува на Тулуз, додека во Битола доаѓа екипта на Татабања.
Фото: РК Металург