Дома Фудбал Италија Место Џампаоло газдите на Милан ќе ги бркале Малдини и Бобан!?

Место Џампаоло газдите на Милан ќе ги бркале Малдини и Бобан!?

Седумкратниот европски шампион Милан се наоѓа во еден од најлошите периоди во својата историја.

Милан после шест кола има четири порази и такво нешто последен пат им се случило во далечната 1938/39. Не само што имаат четири порази Милан има постигнато само два гола од игра во овие натпревари што е навистина нешто аларматно за тим од калибарот на „росонерите“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


После такви резултати разбирливо низ медиумите на големо се пишува за отказ на тренерот на Џампаоло. Но, „Газета дело Спорт“ објави нешто изненадувачко и ако тоа се случи во Милано ќе има вистински „циркус“. Според информациите на реномираниот италијански медиуми газдите на Милан (инвестиционито фонд „Елиот“) сака место Џампаоло да ги отпушти Малдини и Бобан!

Двете играчки легенди на Милан се вратија во клубот ова лето со намера да го вратат на славните патеки, но наводно сопственикот на „Елиот“, Гордон Сингер не бил задоволен од тоа што го направиле во краткиот период во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…