Дома Фудбал Останато Меси ја промовираше топката за Мундијалот во Катар📷

Меси ја промовираше топката за Мундијалот во Катар📷

Производителот на спортска опрема „Адидас“ ја претстави топката со која од 21 ноември до 18 декември ќе се играат натпреварите на Светското првенство во Катар.

„Ал Рихла“ (арапски збор што значи патување) е топката со која ќе играат натпреварите на Мундијалот, а денес беше презентирана од страна на Лео Меси.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


„Ал Рихла“ е 14-та по ред топка што „Адидас“  ја произведува за Светско првенство и најбрзо се движи низ воздухот во споредба со нејзините претходници низ историјата.

Топката е направена со цел да се подобри точноста и брзината на движење низ воздухот и на тревникот.

Дизајнот на шарите на топката е инспириран од катарската архитектура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голманот на Челзи се забавуваше на хитот на Ханка Палдум 🎥

Чуварот на мрежата на лондонски Челзи, Ѓорѓе Петровиќ е снимен како се забавува на хит пес…