Дома Фудбал Останато Меси ја отвори душата: Порано играв за себе и бев себичен

Меси ја отвори душата: Порано играв за себе и бев себичен

Лионел Меси неодамна одигра фантастичен натпревар и со два погодоци и една асистенција го елиминираше Челзи од Лигата на шампионите.

Првата ѕвезда на Барселона на оваа средба стигна до бројката од 100 погодоци, а оваа сезона постигна 34 голови на 43 натпревари, сметајќи ги сите натпреварувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Аргентинецот неодамна во едно интервју за емисијата „La Cornis“ откри како се променил во текот на кариерата.

„Претходно само ја играв својата игра или барам се обидував тоа да го правам и тоа го правев. Сега сакам повеќе да играм за тимот. Се обидувам повеќе да додавам, не сакам сам да ги завршувам акциите, не сум веќе толку себичен“, откри Меси.

Треба да се истакне дека оваа eмисија оди во недела, ова се само мали делови откриени во медиумите, сигурно дека по емитувањето очекуваме нови интересни детали од неговиот живот и кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…