Аргентина предводена од Лионел Меси вчера го освои Светското првенство во Катар, за Меси тоа беше последната шанса да стигне до трофејот кој му недостасува и на крајот и успеа.
Секако дека трофејот е најважен, но Меси на патот до него сруши бројни рекорди, а сега руши рекорди и на Инстаграм.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно беше дека најголем дел од фудбалскиот свет само поради Меси навива Аргентина да го освои трофејот, показател за тоа и денешниот рекорд.
Имено, објавата со фотографиите со трофејот од Мундијалот на профилот на Инстаграм на Меси стана најлајкуваната објава на една личност на Инстаграм.
За помалку од 24 часа објавата на Меси собра над 42 милиони лајкови.