Веќе започнаа лобирањата за најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, „Златната топка“.
Оваа година нема изразит фаворит за „Златната топка“ и во конкуренција се неколку фудбалери со подеднакви шанси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Супер-агентот Жорге Мендеш нема дилема дека наградата треба да заврши во рацете на Кристиано Роналдо, а објасни и зошто.
„Бројките и статистиката зборуваат доволно за Роналдо и мислам дека тоа е доволно за уште една „Златна топка“. Оваа година тој стигна до 115 голови во националниот тим, соборувајќи важен рекорд, а исто така стана и најдобар стрелец меѓу професионалните фудбалери, достигнувања кои имаат големо значење за фудбалот и неговата историја“, истакна Мендеш.
„Точно е дека ова е индивидуално признание, па затоа не треба да се заборави и дека Роналдо беше најдобар стрелец во Серија А и на Европското првенство. Роналдо навистина ја заслужи „Златната топка“ оваа година“, заклучи агентот.